Кристиjано Роналдо изненадувачки синоќа во финишот на мечот беше заменет од Сари, одлука која крена лавина на реакции за евентуалтниот лош однос измеѓу двајцата.

Сари на местото на Португалецот го пушти Паоло Дибала, на Роналдо тоа не му се допадна и додека поминуваше покрај него му префрли некој збор и замина на клупата. Сепак Сари објасни зошто се одлучил на таков потег и ги отфрли сите пишувања дека нешто не е во ред помеѓу нив.

„Роналдо во овој момент не е во одлична форма, последните неколку денови имаше проблем со коленото, пробува да го надокнади тоа со додатен напор и така го става адукторот под уште поголем притиок. Уште за време на првото полувреме се забележуваше дека не е во ред, за време на спринтот тој направи движење кое не ми изгледаше добро и се плашев дека ќе се повреди и направив така како што мислев дека е најдобро за него, го извадив од теренот“-изјави Сари.