Тренерот на Јувентус, Маурисио Сари по два месеци се врати во својата канцеларија и  заедно со својот стручен штаб ќе ги надгледува индивидуалните тренинзи на фудбалерите.

Се очекува фудбалерите на „Старата дама“ од понеделник да почнат да тренираат во групи, начин на кој почнаа да тренира Лацио.

Симоне Инзаги им дозволи на своите играчи пред крајот на последниот тренинг да играат три на три, вежба која траела само пет минути.