Предводникот на Лацио, Маурицио Сари сака нов голман на „Олимпико“, пренесуваат медиумите од Италија.

Чуварот на мрежата на Челси, Кепа Аризабалага е прв избор на Сари, но платата на играчот во Лондон е голема пречка.

Шпанецот во моментов заработува 7 милиони евра по сезона, а Лацио може да му овозможи половина од оваа сума.

Од Челси немаат ништо против за шестмесечна позајмица на голманот но само ако Лацио се согласи да ја дава неговата плата.