Јувентус утре го пречекува Атлетико Мадрид во рамки на групата Д во Лигата на шампионите, шампионот на Италија веќе обезбеди настап во нокаут рундата,  главното прашање е дали Роналдо ќе игра против тимот од Мадрид.

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, на новинарско прашање дали Роналдо ќе настапи против Атлетико не беше сигурен дека Португалецот е комплетно подготвен за враќање во составот.

„Роналдо тренираше посветено, ќе решам утре дали ќе настапи, работи напорно, не сакаме да ризикуваме, имаше повреда, тој ни е потребен кога 100%  е подготвен, нервозен е поради измените, но тоа е добро, значи е мотивиран и сака да игра“ – изјави Сари на прес конференцијата пред мечот со Атлетико.

Оваа изјава остави простор за дилема дали Роналдо ќе биде во составот на Јувентус во Торино, тој го пропушти мечот со Аталанта во калчо лигата.