Маурицио Сари и Јувентус утре во реванш мечот против Милан од Копа Италија нема веројатно да сметаат на Кристијано Роналдо. Причина за ова е мозочниот удар кој го доживеја мајката на Португалецот, а тој веднаш се упати кон својата родна земја.

Првиот натпревар на „Сан Сиро“ заврши 1-1, а сеуште не се знае дали мечот ќе се игра пред празни трибини. Конечна одлука се очекува да биде позната доцна вечерва.

„Не знам што ќе се случи, со Роналдо. Одлуката е негова. Тоа е лична работа, а неговото враќање ќе зависи од тоа како се развива состојбата на неговата мајка“- изјави Италијанецот на прес-конференцијата.