Кристијано Роналдо ужива на одмор на Азурната обала, но и таму нема спокој, Сари, новиот тренер  на Јувентус му го прекина одморот, му предложи следната сезона да игра многу поофанзивно, да биде класична деветка.

Според „La Gazzetta dello Sport“ , Сари инсистира Роналдо да има нова улога во тимот, разговарале и многу веројатно репрезентативецот на Португалија да биде класично офанзивен играч.

„Сакам да разговарам со сите играчи, веќе разговарав со Роналдо, ги анализирам неговните размислувања за следната сезона, сакам да има поинаква улога во тимот во новата сезона, тој ќе биде ЦР9 но не и на дресот кој ќе остане со број седум“ – изјави Сари.