Маурицио Сари сеуште е под договор со Јувентус поради предвремениот раскин на соработката но само на теренот.

Италијанскиот стратег сеуште зема плата од Јувентус и сега е решен да ја прекине соработката во целост, односно да се откаже од некој милион само за да може да работи во друг клуб.

Сари веќе има усен договор со Фиорентина но за работите да се променат ќе мора прво да расчисти со „Старата Дама“.

Според „Тутоспорт“ ова треба да се сличи најдоцна до 25 декември но дали тоа ќе се реализира, зависи од управата на Јувентус.