Откако Жозе Мурињо се договори со Рома, Маурицио Сари се насочува кон можностите кои му се нудат од Англија.

Италијанските медиуми тврдат дека Сари веќе ги започнал преговорите со Тотенхем и со Арсенал, но засега нема одлука која понуда ќе ја прифати.

Поголеми шанси има Тотенхем да го договори Сари, затоа што во Арсенал многу работи зависат од тоа дали Артета ќе се повлече по крајот на оваа сезона од менаџерската функција.

Сари се уште е под договор со Јувентус од кого очекува да добие уште 2,5 милиони евра со завршувањето на оваа сезона.