Маурицио Сари официјално е нов тренер на Јувентус, тој дојде од Челзи на клупата на „старата дама“ со која има обврска да го брани трофејот во калчо лигата но и да го напдне оној во Лигата на шампионите.

Сари, ја спореди историјата на Јувентус со онаа на Челзи, беше искрен но тоа предизвика гнев кај навивачите на Челзи.

„Имав голема среќа што бев дел од Челзи, клуб кој е многу важен во изминатите неколку години, но Јувентус е  нешто друго. Овде постои историја долга 100 години, кај Челзи таа е од пред 20 години“ – изјави Сари.