Јувентус и оваа сезона е фаворит за највисок пласман во Лигата на шампионите. Сето ова треба да го потврди вечерва во Франција против Лион во воведното соочување од осминафиналната рунда.

Предводникот на првакот на Италија, Маурицио Сари се обиде да ја ублажи фаворитската улога на неговиот тим во кој првата ѕвезда, Кристијано Роналдо е подготвена за настап.

„Лион е одлично технички поткован тим со добра брзина и физичка форма. Тие се опасен тим и поради тоа ние мора да одиграме одлично. Кристијано Роналдо е играч кој е ценет во целиот свет. Неговата статистика кажува доволно. Во Италија ние мора да победуваме, во Европа сме само еден од десетте клубови со иста цел.“ – изјави Сари, тренерот на Јувентус.