Тренерот на Лацио Маурициот Сари во сезоната 2019/20 го водеше Јувентус. На клупата на Старата дама ја освои титулата шампион на Италија и играше во финалето на Купот. Но, по само една сезона беше избркан од клубот.

Сари во разговор за Спорт Италија прилично иронично го коментираше фактот дека тој добил отказ по освојување на титулата, за Јувентус следната сезона да дојде до место во Лигата на шампионите тек после драма во последното коло, кога едвај стигнаа до четвртата позиција, што и беше бурно прославено.

Сари кажа дека Старата дама тоа четврто место го славеле повеќе отколку титулата освоена една година пред тоа.

„Во Јувентус Скудетото се земаше здраво за готово. Никој не го славеше, сите на вечера отидоа сами. Минатата сезона веројатно била најдобра за да се работи во Јувентус. Сите го славеа четвртото место. Мораат да научат дека во фудбалот победата не се зема здраво за готово. Можеш да направиш се како што треба, а повторно победата да изостане.“ -изјави Сари.