Фудбалерите на Сасусоло успеаа да направат своевидна сензација, откако одиграа 2-2  на гостувањето кај шампионот Јувентус. „Старата дама одлично го започна мечот и со голот на Бонучи поведе со 1-0.

Гостите од Сасуоло тој погодок не ги демотивираше и по само 2 минути преку Бога израмнија на 1-1. Во второто полувреме Сасуоло во 47 минута ја замолкна „Алијанс Арената“ во Торино откако преку Капуто поведоа со 1-2, а кривец за овој гол беше Буфон кој киксираше иако топката ја имаше речиси во своите раце.

Паоло Дибала влезе во игра на средината од вториот дел по што италјанскиот гигант заигра далеку подобро и преку Роналдо со удар од белата точка израмни, но не успеа да стигне до целиот плен во последните 20.минути. За „Старата дама“ повторно бледа партија прикажа главната ѕвезда Кристијано Роналдо кој последниот месец не личи на себе.