Властите на Саудиска Арабија објавија дека земјата ќе добие и женска фудбалска лига, чиј иницијатор е принцот Халед бин Ал-Валид бин Талал.

Формирањето на женската фудбалска лига е уште еден важен чекор за иднината на нашата земја, за здравјето, за нашата младина и за амбициите на секој наш спортист“, изјави Талал за CNN.

До неодамна на жените не им се дозволуваше да се бават со јавен спорт, а дури во 2018 година им дозволија да посетуваат фудбалски натпревари.

Инаку наградниот фонд на женската лига ќе изнесува 133000 долари, а ќе се игра во три града: Ријад, Џеда и Ед-Дамам.