Инвеститори од Саудиска Арабија, кои беа заинтересирани за купувањето на Њукасл се предомислија, откако информациите за оваа зделка стана достапни во јавноста.

На чело на оваа инвеститорска групација е наследниот саудиски принц Мухамед ибн Салман Ал Сауд.

Според информациите на Shields Gazette, сега саудискиот принц има намера да го купи Манчестер Јунајтед и за тоа веќе се водат преговори.

Што се однесува на цената, сопствениците на Јунајтед, семејството Глејзер, за клубот бараат не помалку од 2,4 милиарди фунти.