Агентите на Саул Нигез утре ќе пристигнат во Англија каде треба да ги разгледаат понудите од Манчестер Јунајтед и од Ливерпул по однос на најавениот трансфер на Шпанецот во Англија.

Атлетико Мадрид не успеа да го убеди Саул да потпише нов договор, моменталниот му истекува следното лето и сега е достапен за околу 40 милиони евра.

Според „Мирор“, Јунајтед е во предност во однос на Ливерпул поради подобрата финансиска рамка која е подготвена за плејмејкерот.

Солскјер бара замена за Погба кој се поврзува со ПСЖ, додека Клоп за Вајналдум кој веќе го комплетираше трансферот во ПСЖ.

Диего Симеоне сака да го задржи Саул во Атлетико Мадрид, но парите од Англија може да го нарушат неговиот план.