Со головите на Ингс и на Хојбјерг, Саутемптон го победи Келн со 2:0 на контролниот натпревар одигран попладнево во Англија.

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов доби шанса од клупата за резерви во второто полувреме но неговиот тим не успеа да го намали водството на домаќинот кој на крајот се израдува на четвртата победа по ред на пријателските натпревари пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата.

Ова за Келн беше втор пораз на последните шест контролни натпревари, втор во низа по неуспехот против Вилјареал на 28 август.