„Tuttosport“ тврди дека многу фудбалски федерации од Европа вршат сериозен притисок врз УЕФА да го одложи одржувањето на ЕУРО 2020 ова лето, причината секако е Коронавирусот.

Со назнака ЕКСКЛУЗИВНО „Tuttosport“ објави дека федерациите бараат одложување за да можат да имаат регуларност во домашните првенства.

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин е против одложување на ЕУРО 2020 кое за прв пат ќе се одржи во 12 различни градови во Европа ова лето.

„Без оглед на нашите желби ситуацијата се менува од ден на ден, секој нов ден носи нови моменти, постои опасност првенството да не се одржи“ – изјави Чеферин.