Стивен Џерард е заинтересиран за работата менаџер на Астон Вила, пренесуваат британските медиуми. Како што пишува Телеграф, сопствениците на Астон Вила се подготвени да влезат во преговори со Ренџерс.

Истиот извор наведува дека челниците на Вила прво ги „провериле“ Џерард и неговите потенцијални помошноци, а легендарниот капитен на Ливерпул бил подготвен да преговара во Астон Вила, ако за тоа добие дозвола од Ренџерс.

Џерард минатата година со Ренџерс ја освои титулата во Премиер лигата на Шкотска, а оваа сезона неговиот клуб е лидер во шампионатот. Иако најавуваше дека нема да го напушти клубот на среде сезона, сепак Астон Вила изгледа ги променува неговите планови.

Доколку не дојде до соработка со Џерард, како најреални опции се наведуваат селекторот на Белгија Роберто Мартинез и тренерот на Саутемптон Ралф Хасенхатл.

Астон Вила во моментов е на 16-тото место во Премиер лигата со десет бодови од 11 натпревари. Ден Смит доби отказ откако врза пет порази во серија.