По дербито меѓу Џенова и Наполи во кое Елиф Елмас постигна гол а потоа имаше шанса да се види и со Горан Пандев, потврдено е дека 11 фудбалери на Џенова и тројца членови на струниот штаб се позитивни на тест за Ковид-19.

Според „Скај Италија“ од 11 позитивни фубалери, шест настапи на дуелот со Наполи, па сега целиот тим е во самоизолација. Еден е во болница, има повеќемина со симптоми, а повеќе за ова ќе се знае во текот на денот по добивањето на резултатите од новото тестирање.

Поради ова и во Наполи е можно целиот тим да биде во изолација до добивањето на резултатите од последното тестирање.

Ова е голем проблем за Македонија во случај Пандев и Елмас да добијат позитивни Ковид-19 тестови на девет дена до пресметката со Косово во полуфиналето од Лигата на нации.