Македонскиот фудбалски прволигаш, Македонија ЃП го помина првиот испит, нема за позитивни на Ковид-19 по тестирањето од мобилната екипата на Аџибадем Сестина.

Од Синдикатот на фудбалери на Македонија потврдија дека „Лавовите“ може да се насочат кон следните предизвици откако тестирањето помина со негативен исход, што во ситуацијава е позитивно за фудбалот до Македонија.

„Денес ги добивме резултатите од првиот фудбалски(воопшто спортски) клуб во Македонија кој што направи тестирање на КОВИД 19 . Фудбалерите,стручниот штаб и сите луѓе кои што работат во Фк Македонија Ѓорче Петров се негативни на тестот. Во текот на тековната и следната недела очекуваме и сите други клубови да не контактираат и побараат тестирање на своите играчи.Со напомена дека комплетните трошоци околу тестирањето ги покрива Синдикатот на Фудбалери на Македонија. Одважете се и тестирајте се за доброто на сите.“ – соопштија од Синдикатот на фудбалери на Македонија.