Трансферот на шпицот Петсон Дака од Салцбург во Лестер е готова работа. Документацијата е завршена, а договорени се и личните услови.

Како што пренесува Фабрицио Романо, прашање на време е кога трансферот ќе биде официјалнизиран.

Покрај него во Лестер пристигнува и Бубакар Сумаре, а клубот е во потрага за уште еден лев бек.

Дака минатата сезона во Салцбург постигна 27 лигашки голови на 28 меча, а со своите успешни настапи се промовираше како одлична замена за Халанд, кој токму од австрискиот тим замина во Борусија Дортмунд.