Фудбалската федерација на Северна Кореја одлучи да се откаже од квалификациите за светското првенство во Катар.

Денес ПРКФА ја извести Азиската федерација за овој потег а истото го потврди и портпаролот на федерацијата Ли Џае-Чул

„Претставниците на ПРКФА не известија дека поради страв од коронавирусот нема да дозволат нивната репрезентација да учествува во втората рунда во квалификациите“ – изјави Ли Џае-чул за Ројтерс.

Одлуката на фудбалската федерација на Северна Кореја да не настапи на мундијалот во Катар доаѓа неполн месец откако Олимпискиот комитет изјави дека нивните спортсти нема да настапат на Олимпијадата во Токио исто така поради страв од коронавирусот.