ФК Работнички продолжува со активности откако резултатите од тестирањето на Covid-19 покажаа дека сите тестирани се негативни.

По извршените тестови, фудбалерите и стручниот штаб можат слободно да ги извршуваат своите работни задачи. Активностите продолжуваат со почитување на протоколите и тренинзи во мали групи.

Во наредниот период ФК Работнички очекува комплетирање на стручниот штаб и на играчкиот погон и со странците кои заминаа во родните земји за време на пандемијата со коронавирусот.