Челзи и Френк Лампард се разделија, се огласи и газдата на „сините“, Роман Абрамович вели дека одлуката воопшто не била лесна.

Ова беше тешко донесена одлука, јас лично имав одлична соработка со Лампард и имам огромна почит кон него. Сепак, резултатите не се такви какви што сакаме да бидат, ова беше исправно решение, иако ни беше тешко да одлучиме вака. Од името на сите во клубот, сакам да му се заблагодарам на Лампард тој е важен дел од клубот, и неговиот статус останува чист“, – изјави Абрамович.

Според најавите од Англија, Томас Тухел го делат часови од официјална промоција како менаџер на Челси.