Откако УЕФА им го згасна сонот на клубовите кои ја формираа Суперлигата, Барселона се огласи со соопштение во кое инсистира дека оваа идеја ќе заживее и дека му е потребна на фудбалот.

Целта на Суперлигата беше да им помогне на клубовите да ја надминат финансиската криза, вели Хуан Лапорта.

„Ги поддржуваме националните првенста, ќе комуницираме со УЕФА, но Суперлигата е потребна, таа треба да биде атрактивно натпреварување, кое ќе донесе профит а навивачите ќе уживаат. Некои клубови изминативе денови беа под неверојатен притисок да се откажат, неиздржаа и се откажаа. Суперлигата и натаму постои, и ќе постои, сакал некој или не“ – изјави Лапорта.