Претседателот на фудбалската федерација на Србија, Славиша Кокеза е позитивен на Ковид-19, федерацијата со соопштение го потврди случајот.

ФФ на Србија истакнува дека се превземени сите мерки, Кокеза е во добра здраствена кондиција.

„Фудбалскиот сојуз на Србија  потврдува дека Славиша Кокеза е позитивен на Ковид-19. Сакаме да нагласиме дека претседателот на федерацијата се чувствува добро, ФФ на Србија продолжува со своите вообичаени активности и ги применува мерките на Валдата на Србија“ – стои во дел од соопштението на ФФ на Србија.

Првиот човек на фудбалот во Србија се заразил во Милано, иако според првичните тврдења, тој вирусот го „закачил“ во Амстердам, Холандија.

Постои стравување дека е можно да заразил некој од соработниците и вработените во ФФ на Србија, се превземаат сите мерки  да се намали ризикот од ширење на вирусот во федерацијата.