Македонската фудбалска репрезентација на 26 март го пречекува Косово, полуфинале во Лигата на Нации, ќе играме без публика, се случува „епидемија“ од барање да играме со публика на историскиот натпревар.

Капитенот Горан Пандев бара, дајте ни шанса со навивачите да играме на победа, да се радуваме на труимф.

„За мене пласманот на Македонија на Европско првенство е многу повеќе од сите освоени титули. Живееме за слика од нашиот стадион со трибини покриени од навивачи во црвено-жолта боја кои ќе ни дадат сила и мотив да го надополниме се она што фудбалски го пропуштивме во последните 20 години. Дајте ни шанса за вистински спектакл, дајте ни шанса со нашите навивачи да се радуваме на победа и да бидеме на чекор од  Европско првенство. Здравјето е најважно и секогаш се молиме за тоа. НО дајте ни можност да го оствариме се она што за што сме сонувале како деца“  – напиша на Инстаграм Горан Пандев.