Ренова преку соопштение потврди дека четворица од нивниот клуб се позитивни на Ковид-19, тимот ги откажа сите активности.

 

Ја информираме јавноста дека во нашиот клуб има четворица позитивни на Ковид-19. Имињата ќе ги соопштиме наредните денови, не затоа што сакаме да ги чуваме во тајност, најпрво треба да бидат направени и вторите тестови за и дефинитивно случаите да бидат потврдени. Целиот тим на Ренова ги откажа сите активности се додека не добиеме официјално препорака од надлежните органи. Не нè интересира дали ќе се одигра овој шампионат, сега еважно  само здравјето на нашите членови и нивните семејства. Се надеваме дека сега веќе некои вистински ќе разберат колку е сериозна оваа состојба во која се наоѓа светот. Здравјето пред се. Заедно ќе ги надминеме сите предизвици“ – се вели во соопштението до јавноста од ФК Ренова.