Барселона утре му гостува на Ференцварош во Будимпешта, средба на која тимот од Шпанија има обврска да игра за своето реноме, пласманот во нокаут рундата е обезбеден.

Сепак медиумите во Шпанија се прашуваат дали има проблеми на релација Куман-Меси, Аргентинецот нема да настапи на утрешната средба, се огласи тренерот на каталонците.

„Ова ќе биде тежок натпревар, календарот е интензивен, невообичаено е Меси да одмара на две средби во Лигата на шампионите, не играше во Киев и утре против Ференцварош. Сепак сакам да истакнам дека одлуката Меси да не патува во Будимпешта е моја, разговарав со него, но јас решив да одмори“ – изјави Куман за Марка.

Оваа изјава предивика серија на шпекулации во Шпанија, наводно односите меѓу Меси и Куман не се на потребното ниво.