Македонија против Италија во првиот бараж натпревар за Светското првенство 2022.

Доколку го победиме актуелниот Европски првак, Италија, за место на мундијалот ќе се соочиме со подобриот од дуелот ПОРТУГАЛИЈА – ТУРЦИЈА.

„Италија е актуелен европски првак. Имаме голема почит за противникот и за нивниот селектор. Многупати сум напоменал дека го ценам како селектор и како тренер. Сметам дека е најзаслужен за европската титула на Италија. Под негово водство, сведоци сме на една нова, модерна фудбалска Италија која ги надминува стереотипите базирани само на дефанзива. Играат сосема поинаков фудбал, тоа ги отежнува работите за сите нивни противници, сега и за нас се разбира, но мора да се прилагодуваме на предизвиците. Македонија има свои квалитети, нѐ случајно сме во баражот и ќе се потрудиме да бидеме конкурентни и на овој натпревар“– вели Милевски.

Милевски вели Македонија покажала дека без разлика дали игра на домашен или на гостински терен може да се спротивстави на секој противник. Вели ќе недостасува публиката, но околностите не можеме да ги менуваме.

„Во денешниот фудбал аутсајдери има само на хартија. Сето она што се случува на терен е сосема друга приказна. Според рејтингот, Италија е фаворит, но на терен за исходот на мечот во голема мера ќе се прашуваме и ние. Покажавме во текот на квалификациите дека имаме квалитет, како и сите други учесници во баражот и ќе се потрудиме тоа да го потврдиме“– изјави Милевски.