Фудбалерот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг, откако имаше проблеми со маларијата, конечно се врати на теренот, а во меѓувреме проговори и како минал во тој период додека се лекувал.

За потсетување, Обамејанг се зарази со инфекцијата по настапите со репрезентацијата,  и отсуствуваше од настапи за дресот на „Топчиите“.

„Не сум се почувствувал полошо во мојот живот, навистина имав потешкотии. Со оглед на тоа дека патот е долг од Габон, сметав дека потешкотиите кои ги имав на мечот со Ливерпул се од тоа. Инаку од симптоми имав висока температура во три дена последователно, па се обратив на клупскиот медицински тим, бидејќи не ја отпишав можноста да се заразам во Африка“, сподели во рамки на своето искуство, Обамејанг.