Се огласи Горан Пандев на Инстаграм, капитенот на македонската репрезентација сака да му се оствари сонот, по многу победи, радости, понижувања…

Пандев повикува на обединување, сега е време да се оствари сонот на сите генерации, во овие тешки времиња, сакаме сонот да стане реалност.

 

„113 натпревари во повеќе од 19 години носење на овој свет дрес, многу порази, победи, радости, понижувања, многу убави и лоши работи поминав со тебе Македонијо… Остана уште еден чекор до остварување на мојот сон, до остварување на сонот на моите колеги, на мојата фамилија, на цела нација. Во овие тешки времиња да се обединиме сите заедно и да се обидеме сонот да ни стане реалност. Еден за сите, сите за еден… Да живее Македонија“,напиша Пандев.