Горан Пандев и Џенова обезбедија опстанок во Серија А, примарната цел на клупски план е потврдена, следно е со репрезентацијата да стигне до Европско првенство.

Капитенот на македонската репрезентација се огласи на Инстаграм, среќен е во Џенова, останува уште една година.

„Ова беше долга и тешка сезона, фудбалот не беше во преден план. Се чинеше дека ќе биде чудо ако воопшто го доиграме првенството, но сега животот ќе продолжи и покрај многуте тешкотии. Обезбедивме опстанок, тоа е добар монент за нас, за навивачите, јас сум среќен што сум играч на Џенова. Мето срце чука за црвено-сино боја, одиме напред со многу самодоверба, оваа сезона е зад нас,  следната е веќе пред нас. Би сакал повторно да се радувам со навивачите, НАПРЕД ЏЕНОВА“ –  напиша Пандев.