Иако важеше за фаворит ПСЖ не успеа да освои три бода во пресметката против Ница, која заврши без голови. Тоа значеше дека тимот од Париз прв пат изгуби бодови на домашен терен оваа сезона.

Иако доминираа, победата не дојде, сепак тренерот на ПСЖ, Маурициот Покетино на крајот е задоволен и вели дека неговата екипа од ден во ден е се посилна.

„Одигравме онака како што треба да играме со можностите што ги имавме денеска. Секој ден, малку по малку, стануваме посилни. Лидери сме во Лига 1, влеговме во осминафиналето во Лигата на шампионите. Треба да продолжиме да ја подобруваме нашата игра за да бидеме подготвени за решавачките моменти. Имавме повеќе посед од Ница, бевме подобри од нив. Освоивме три бода. Ни недостигаше прецизност, некогаш топката ќе влезе, некогаш не“– вели Покетино.

Актуелниот лидер во Франција во наредното коло му гостува на Ленс.