Никлас Суле беше стандарден првотимец во Баерн Минхен под водство на Нико Ковач во сезоната 2018/19, но и покрај тоа сакаше да го напушти клубот.

„Spox“ пишува дека главна причина за незадоволството бил токму Ковач. Освен Суле, Баерн тогаш сакале да го напуштат и Томас Милер, Жером Боатен и Џошуа Кимих, додава изворот за овој медиум. Тие се чувствувале нелагодно во друштво на Нико Ковач.

Ова се дозна откако во петокот се појавија „WhatsApp“ пораки, во кои Суле разговара со својот советник Мурат Лакурлуа.

Тогаш Суле сериозно размислувал за заминување во Премиер лигата. За него заинтересирани беа Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Арсенал, затоа што тој бил незадоволен од работата на Ковач. Исти чекори тогаш повлекле и другите тројца горе споменати.

Ковач есента 2019-та доби отказ во Баер, а клубот тогаш го презема Ханси Флик и со него Баерн сосем се препороди. Боатенг, Кимих, Суле и Милер на крајот останаа и ги земаа сите трофеи што може да ги освојат.