Челниците на Манчестер Јунајтед разговарале со Ернесто Валверде, кој го гледаат како потенцијален менаџер на својот тим, пренесува Скај Спорт.

Управата на клубот од Олд Трафорд е во потрага по тренер кој ќе го води тимот до крајот на сезоната. Како што се наведува, Валверде е еден од оние со кои се преговарало. Скај пренесува дека уште неколку имиња се во опција.

Валверде е без работа од 2020-та година, кога ја напушти Барселона.

Инаку, Оле Гунар Солскјер доби отказ минатата недела. Англиските медиуми јавуваат дека Маурисио Покетино прв избор на челниците на Манчестер Јунајтед, но аргентинскиот стручњак порача дека е среќен во Париз.

Претходно се споменуваше и Зинедин Зидан, но потоа беше објавено дека Французинот не е заинтересиран за оваа работа.