Навивач на Манчестер Сити мина со тешки повреди во тепачка во Бриж после мечот меѓу Клуб Бриж и Манчестер Сити во Лигата на шампионите, кој првакот на Англија го доби со 1:5.

Навивачите на Сити го нападнаа белгиски хулигани недалеку од стадионот, а тешко повредениот 63 годишник заврши во кома и се бори за живот.

„Мојот татко е кукавички нападнат поради шал од Сити. Се надеваме дека сторителите ќе бидат пронајдени и казнети. Тато, продолжи да се бориш“- напиша синот на повредениот на Фејсбук.

„Беше со двајца пријатели и домашните хулигани му го земаа шалот. Кога го побарал шалот назад добил силен удар во главата. Напаѓачите побегнале и го оставиле да лежи во крв“– додава Јирген, син на 63 годишниот Гуидо.