Македонскиот репрезентативец, Енис Барди се повреди на денешниот тренинг на Леванте и се приклучи на листата недостапни за дуелите со Словенија и Полска од евроквалификациите во октомври.

Барди викендов не настапи на дуелот со Еибар кој заврши без победник и без голови и се очекуваше да се врати во првиот тим на Леванте за следниот предизвил во Ла лига.

Денешната повреда на бутниот мускул најверојатно ќе биде причина за пауза од најмалку три недели што значи дека нема да му биде на располагање на селекторот Игор Ангеловски.

Покрај Барди поради повреда двомечот следниот месец ќе го пропушти и Дарко Велковски, Бејтулаи е суспендиран а Стефан Ристовски неизвесен за настап.