Неколку клубови од Англија и од Германија се во игра за ангажман на десниот бек на ПСЖ, Томас Муние кој ова лето ќе стане слободен агент, договорот му истекува на 21 јуни.

Челси, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Баерн Минхен, Борусија Дортминд и Лајциг се во трка за ангажман на офанзивниот бек.

Муние беше трансфер цел на дел од заинтересираните и во зимскиот преоден рок но тогаш ПСЖ за него бараше 30 милиони евра, со желба дека во меѓувреме ќе го убеди да потпише нов договор.

Муние е во ПСЖ од 2016 година, досега одигра 128 натпревари и се етаблираше во прв избор на позицијата десет бек и во селекцијата на Белгија.