Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, има извонредни резултати во калчо лигата, но и во Лигата на шампионите каде стигна до историски успех – осминафинале во елитното натпреварување на УЕФА.

Гасперини е задоволен од резултатите со Аталната, смета дека тој е клучен во успехот кој го има тимот и се самопрогласи во Сер Алекс Фергусон од Бергамо.

„Сакам да останам долго во Аталанта, сакам да бидам како Сер Алекс Фергусон во Манчестер јунајтед, да бидам ист како него, тоа  е возможно“  – изјави Гасперини.

Аталанта е најефисканиот тим во калчото,  вечерва ја пречекува Рома од 20-45 часот.