Дефанзивецот на Баерн Минхен Лукас Хернандез се спаси од затвроска казна, која му се закануваше, а го однесе во центарот на вниманието последниве недели.

Причина поради која тој требаше да оди во затвор беше жестока расправија на улица со својата сопруга, во февруари 2017 година, а судот поради т/оа го осуди на 31 ден друштвно корисна работа и забрана за доближување на шест месеци.

Меѓутоа парот не ни помислувал да биде раздвоен. Неодамна се венчаа и беа на меден месец во Мајами. По враќањето од медениот месец Лукас беше приведен на аеродромот во Мадрид и кратко беше во притвор, додека Амелија не беше уапсена.

Судот во Шпанија донесе одлука дека Хернандез ќе мора да оди во затвор, меѓутоа прифатена беше жалбата на фудбалерот. Нова одлука е: Хернандез во наредните четири години нема да смее да направи ново кривично дело и ќе мора да плати казна од 400 евра.