Манчестер Јунајтед беше поразен со 4:2 на гости кај Лестер минатото коло во Премиер лигата. Фудбалот кој го играат Јуанјтед не е на нивото на највисоките амбиции, а за тоа е свесен и Кристијано Роналдо.

Роналдо е еден од оние кои мислат дека е потребен нов менаџер на тимот. Оле Гунар Солскјер се повеќе ја губи довербата меѓу навивачите, играчите и медиумите. Ел Чирингуито пишува дека Португалецот на своите шефови им го препорачал Зинедин Зидан.

Зидан до крајот на минатата сезона го водеше Реал Мадрид, а со Роналдо имаа одличен однос во Шпанија.

Солскјер ќе добие уште неколку шанси. Но, доколку резултатите не се поправат, клубот ќе тргне по славниот Французин.