Според последните информации кои доаѓаат од Англија, Арсенал е подготвен да му даде нова шанса, можеби и последна во неговата кареира на играчот кој е производ на нивната школа, Џек Вилшер.

Поранешниот играч за врска на „топџиите“ е слободен играч откако му заврши договорот со Бурнмаут, а менаџерот Микел Артета истакна дека ќе разговара со него за плановите за во иднина.

„Ќе разговараме со Џек да знаеме која е неговата цел. Тој е човек кој го обожаваат. Сакаме да му помогнеме на најдобар начин. Не би одел така далеку да зборувам дека ќе заигра повторно за Арсенал. Само можам да кажам дека ќе разговараме со него за да му помогнеме“; изјави Артета.

Вилшер за Артета играше од 2008 до 2018 година. Настапи на 197 натпревари и постигна 14 голови.