Еден од најдобрите фудбалери во редовите на Манчестер сити доби позитивен тест на коронавирус, а ова го потврди менаџерот на клубот, Пеп Гвардиола.

Кевин Де Брујне во изминатите две седмици беше со репрезентацијата на Белгија поради натпреварите во квалификациите за Светското првенство во Катар.

По враќањето беше тестиран, резултатот излезе позитивен, па фудбалерот се наоѓа во изолација.

Де Брујне според најавите ќе пропушти три важни меча на „граѓаните“, сите на „Етихад“, првиот в недела против Евертон во Премиер лигата.

Потоа, против ПСЖ в среда во Лигата на шампионите, како и против Вест хем следниот викенд. Моментно на табелата во Премиер лигата „граѓаните“ се второпласирани, со три бода помалку зад Челси после 11 кола, а во групата „А“ во ЛШ после четири кола се на првото место со девет бодови, еден повеќе од ПСЖ, третопласиран е Клуб Бриж со четири, а последен е Лајпциг (1).