Вечерва од 21:45 на легендарниот Велодром се игра дербито на 11-тото коло од францускиот шампионат меѓу Марсеј и ПСЖ. Ова ќе биде двобој на првопласираната и третопласираната екипа на Лига 1.

Натпреварите меѓу овие два ривала се преполни со тензија, а навивачитена домашниот тим за Лионел Меси подготвија и подарок.

Направени се огромен број лажни пари со фотографијата од Аргентинецот кога се расплака по заминувањето од Барселона.

Натпреварите на овие ривали често привлекуваат големо внимание, но за жал и често носат инциденти на трибините, поради високите тензии и непријателски односи меѓу навивачите од овие два града.

„Ова е за Меси, се надеваме дека ќе му се допадне“- порачаа навивачите на Марсеј.