Младиот напаѓач на Интер, Мартинез Лаутаро го привлече вниманието на моќните клубови од Европа со игрите оваа сезона за екипата на Конте.

Додека островските медиумите се занимаваа со желбите на двата клуба од Манчестер, медиумтие од Шпанија потврдија дека Лионел Меси лично побарал од раководството на Барселона да се обиде да го донесе Лаутаро во јануарискиот преоден рок.

Повеќе од јасно е дека Интер ќе дозволи Лаутаро да си замине само за сума околу 100 милиони евра а нема да биде изненадување ако цената на напаѓачот до јануари порасне за дополнителни 50 милиони евра.