Атлетико Мадрид е последниот клуб кој пројавил интерес за купување на Немања Матиќ  во зимскиот преоден рок.

Креативецот на Манчестер Јунајтед го загуби првотимскиот статус на почетокот од оваа сезона а како што стојат работите, многу тешко ќе се избори за минути поради формата на Фред и на Мектоминеј, особено по враќањето на Погба.

Милан, Интер, Јувентус, Баерн Минхен и Монако се останатите тимови кои планираат да достават понуди до Јунајтед во јануари за поранешниот играч на Бенфика и Челси.

Не е исклучена и можноста Јунајтед да ја активира клаузулата за продолжување на договорот на уште една година.