ФК Вардар во моментов ги одработува летните подготовки во Словенија а таму ќе се појави и Гоце Седлоски. Поранешниот прв тренер на „црвено-црните“ вчеравечер поднесе оставка од позицијата во босанскиот прволигаш Широки Брег.

Откако не успеа да го однесе тимот во второто коло од квалификациите за Лига Европа и по поразозт од Челик на домашен терен од 1:0, Седлоски одлучи да поднесе оставка. Неофицијално, Седлоски веќе се има договорено со ФК Вардар за менаџерското столче на кое седи во моментов Александар Васовски.

ФК Вардар нема право за купување на нови играчи а доби и забрана за настап во европските купови на УЕФА, па Седлоски ќе има цела сезона за подготовка во обидот да го врати сјајот на црвено-црните кои блеснаа во 2017 со учеството во групната фаза од Лига Европа.