Македонскиот вицешампион Шкупи, е во исчекување на двомечот со Санта Клара во второто квалификационо коло во Конференциска лига на УЕФА. Пред мечот тренерот Гоце Седлоски ги кажа своите очекувања.

Некогашниот македонски капитен потенцира дека тие ќе биле максимално трпеливи во мечот против Португалците, кои се фаворити на хартија.

„Мора да бидеме трпеливи и паметни и да одиграме добар натпревар. Само така може да ги израдуваме нашите навивачи. Против нас имаме силен тим кој игра брзо, агресивно и негува напаѓачки фудбал. Но, секако дека и ние имаме што да покажеме на натпреварот. Го анализиравме тимот на Санта Клара, имаат одлични играчи, но резултатот ќе зависи и од нашата игра“– изјави Седлоски.

Натпреварот меѓу Шкупи и Санта Клара се игра утре (четврток) со почеток од 20:00 часот.