Неочекувано и во најмала рака непрофесионално, предводникот на Шкупи, Гоце Седоски реши да ги игнорира новинарите на „Тодор Проески“ по поразот од Санта Клара од 3:0 во 2 квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.

Според протоколите, Седлоски требаше да се појави во конференциската сала, но тоа не се случи. Таму од прес-службата на Шкупи информираа дека Седлоски нема да се појави на закажаната прес-конференција.

За ова извесно е дека Шкупи ќе плати парична казна кон УЕФА. Шкупи е пред елиминација, но тоа не го оправдува потегот на Седлоски кој покажа крајна непрофесионалност кој медиумските работници.

Шкупи ќе и гостува на Санта Клара за седум дена во Португалија во реваншот во кој брка негатива од 3:0.